| четврток, 6 декември 2018 |

Кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ мора под итно на операција, ситуацијата не е наивна

Шабан Шаулиќ со сопругата Гоца пред неколку години изградиле вила на Дедиње (елитна населба во Белград) во која го поминуваат најголемото време со семејството, кога не се во викендичката или на патување.

Неговите комшии одговараат дали кралот на народната музика живее навистина кралиски.

-Не сум го видела долго бидејки беше болен. Инаку ги среќавам и убаво си муабетиме. Одлични комшии се и тој и сопругата Гоца. Прекрасни луѓе кои со сите разговараат – вели комшиката Јелисавета.

Друга познаничка додава:
-Шабановата болест не е наивна, како што се пишува во медиумите и дека тоа е проблем со вените.
Во прашање е проблем со срцевата аорта, а неговото семејство стравува дека наскоро ќе заврши на операција.

Гоца е тука змеј, таа го држи семеството заедно и се бори како лавица. Да не е таа не би ја имале прекрасната вила, но гледам дека овој пат и таа е загрижена – вели комшиката.

Дали ќе се оствари предвидувањето на комшиките или сепак Шабан ќе ја надмине болеста останува да видиме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top