22-годишната Лејди Амелија Виндзор, роднина на принцот Хари и Вилијам, е позната како бунтовен член на кралското семејство.
Музата на светски познатите основачи на брендот “Dolce&Gabbana” не го поминала ниту своето летување без скандал. Манекенката моментално летува на Ибица каде папараците ја фотографирале во топлес издание, а кралското семејство се’ уште не реагирало на новото бунтовништво на младата принцеза.
Амелија е ќерка на Џорџ Виндзор, гроф од Св. Ендрјус и Силвана Томасели, учителка по историја.
Поради тоа што неговата сопруга била во брак пред него, Џорџ морал да се откаже од својата позиција во редот за наследување на кралската круна, но со промената на актот во 2013 година, грофот и неговата ќерка се повторно на листата за британскиот престол.
Многумина ја сметаат Амелија за најсексапилната членка на кралското семејство, а поради своето однесување, таа се смета и за најбунтовна. Јавноста ја памети по појавувањето на една забава во неприфатлив фустан кој ги откривал нејзините гради и тетоважата на ребрата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст