| четврток, 6 декември 2018 |

Медиуми го објавија идентитетот на убиениот во Кабул, МНР се уште нема официјална потврда

Министерството за надворешни работи се уште нема официјална потврда од авганистанските власти во врска со веста за македонскиот државјанин кој беше киднапиран и убиен во Кабул, а некои медиуми веќе објавија дека жртвата е 37-годишен жител на скопско Љубанци, повикувајќи се на изјави на жители од селото.

Според објавите во странски медиуми завчера, македонскиот државјанин заедно со уште две лица од Малезија и Индија, биле киднапирани и убиени во главниот град на Авганистан.

Тројцата работеле во „Содексо“, втора по големина компанија за храна и кетеринг во светот. Компанијата „Содексо“, завчера изрази сочувство преку соопштение до јавноста за трагичната загуба на нејзините вработени

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top