| четврток, 6 декември 2018 |

Во тоалет на ресторан фрлил опојна материја, па гостите завршиле во болница поради болки во очите

Охриѓанец бил пријавен во полиција дека во тоалетот од угостителскиот објект фрлил предмет кој испуштил силна миризба од што, три лица од Скопје се пожалиле на болки и солзење од очите.

Набрзо, повикана била итната медицинска помош со чие возило, лицата се пренесени на очното одделение во Општата болница во Охрид каде им е укажана неопходна медицинска помош.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top