Во Германија има околу 20 милиони мигранти што е раст за 4,4 отсто. Ова се последните податоци од германскиот статистички завод, а половината од нив веќе имаат и германски пасош.
Речиси секој четврти жител на Германија не е роден таму или пак родителите му се родум во странство. Според деталниот преглед на старосните групи, во Германија има 5, 8 милиони жители без мигрантно потекло на возраст од 50 до 54 години, додека пак во однос на оваа старосна граница, секој десетти жител е мигрант.
Кај младите ситуацијата е поинаква, односно тие се застапени 38 отсто. Од нив 51 отсто имаат германски пасош и двојно државјанство, а останатите се странци. Во 2011 година овој процент беше 42 отсто.
Статистиката се прави на годишно ниво, па според неа 2.5 милиони луѓе претежно зборуваат странски јазици и тоа турски, арапски, полски и руски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст