| четврток, 6 декември 2018 |

Нов хит: Што е „Кики“ предизвик? (Видео + 18)

Од време на време се појавуваат најразлични предизвици кои молскавично го освојуваат целиот свет. Се сеќавате, на пример на предизвикот со полевање кофа вода, или кога група на луѓе требаше да замрзне на една позиција. Се разбира, сите овие подвизи треба да бидат снимени и споделени на интернет, бидејќи во спротивно ниту некој ќе стане популарен, а ниту некој ќе се насмее.

Година имаме нова вирална сензација – предизвикот #InMyFeelingsChallengee или „Ме сакаш ли Кики”. Ова е малку покомплициран и поопасен предизвик. Подразбира танцување и тоа не било какво и се шири на интернет како трач пред кооперација – илјадници корисници на социјални мрежи, вклучувајчи и ѕвезди, ги споделуваат видеата што ги снимаат обидувајќи се да ги имитираат движењата на танчерите во спотот на песната на Дрејк„KikiDoYouLoveMe“.

За само неколку недели, повеќе од 400.000 постови се споделени под хаштагот #InMyFeelingsChallenge на Инстаграм, но се започна со @theshiggyshow на инстаграм. На 29 јуни, влијателниот комичар сподели видео од себе си како танцува по улица користејќи движења совршено синхронизирани со стиховите на Дрејк. Кога Дрејк пее „Kiki do You love me/ “Кики, ме сакаш ли?” тој направил гест со рацете во облик на срце.

Полициските сили ширум светот ги предупредија луѓето да престанат со предизвикот бидејќи повеќе лица се повредени при снимањето на видеата.

На овој предизвик не му одолееаа ниту Пинк ѕвездичките Мартија и Мина.

@minablazev1 kikiiii do u luv me ????????

A post shared by Martija Stanojkovic (@martijastanojkovic) on

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top