| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка сообраќајна несреќа на патот Штип – Велес, две лица загинаа во директен судир

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат Штип – Велес.

Според самостојниот инспектор за сообраќај во СВР Штип Владо Петров, несреќата се случила во 14:15 часот меѓу возило влекач и товарно возило.

Двете возила директно се судриле со што двајцата возачи на лице место се починати, а повредени се и две лица кои се транспортирани во штипската клиничка болница.

Во тек е увидот од страна на истражните органи, а сообраќајот на магистралниот пат Штип – Велес се пренасочува по стариот регионален пат Штип-Велес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top