| четврток, 6 декември 2018 |

Невреме во Словенија, тројца повредени од гром

Вчера во попладневните часови силно невреме зафати делови од Словенија. Најмалку четири лица се префрлени во болница, откако се здобиле со повреди од невремето.

Според медиумите, лицата завршиле со повреди по удар од гром во областа Голема Планина во Камник. Едно од лицата се здобило со тешки повреди, додека другите тројца се полесно повредени.

Во попладневните часови, дождот зафатил и делови од Хрватска, но немало посериозни последици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top