Доколку дојде до членство на Косово во ОН и други меѓународни институции, тој ист пат ќе го побара и Бања Лука, изјави претседателот на Република Српска Милорад Додик.
– Парламентот на Српска донесе резолуција во која се наведува дека, во случај на воспоставување нов меѓународен принцип и пракса во признавање на правото на самоопределување, ќе инсистираме на утврдување на нашиот државен статус. Тој документ и понатаму е во сила и од тоа нема да се откажеме, рече Додик за „Новости“.
Тој порача дека странците упорно применуваат двојни аршини и предупреди дека не можат аргументацијата, која ја користат за Косово, да ја исклучат во БиХ.
– Во тој однос, решавањето на односот меѓу Белград и Приштина на трајна основа би морало да подразбира и решавање на прашањето за статусот на Српска – рече Додик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст