| четврток, 6 декември 2018 |

Километарски колони на патот Крива Паланка – Куманово, се судриле мотор и автомобил

Километарски колони има на патот Крива Паланка – Куманово откако се судриле мотор и автомобил. Едно лице е повредено во сударот кој попладнево се случил кај селото Војник, пишува „СДК“.

Сообраќајот бил во застој повеќе од еден час и на патот се создаде неколкукилометарска колона возила.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека сударот бил меѓу патничко возило и мотор и според првичните информации едно лице е повредено. Увидот е во тек.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top