| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: Во секој граѓанин на Македонија има по еден партизан и по еден комита

Премиерот напомена дека во секој граѓанин на Македонија има по еден партизан и по еден комита.

– Заедно ја испишавме историјата, заедно ќе ја градиме иднината. Денеска, кога со сета почит и достојно се сеќаваме на двата Илиндена, од перспектива на оваа 2018 година неминовно е да се соочиме со фактот дека треба да ја прифатиме државотворната агенда – да ја градиме Македонија како држава на сите граѓани, да градиме едно општество за сите, рече Заев.

За само една година, потсети, Македонија направи пресврт иако беше соочена со низа препреки кон евроатлантските интергации. Потребна беше храброст, а одлуките не беа лесни. Дел од проблемите беа објективни, а дел некој ги создаваше.

– Нема секогаш да добиваме шанси Македонија да биде еднаква со другите држави. Сега е шансата да го земеме нашето заслужено место, Македонија, целото општество, има голема поддршка за спроведување на суштинските реформи, уште поголема е поддршката да продолжиме со нив до конечното членство во ЕУ и НАТО. Нашите пријатели сметаат дека Маекдонија е конечно на вистинскиот правец, напомена Заев.

Осврнувајќи се на Договорот со Грција рече дека овој документ, историски гледано, е најдобрата и фер шанса за македонските граѓани, влог во македонската иднина што го расчисти патот за влез на Македонија  во НАТО и почеток на преговори со ЕУ. Договорот го потврди и заштити македонскиот идентитет, го гарантира правото да се определуваме како Македонци. Нема повеќе оспорувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top