| четврток, 6 декември 2018 |

Единството на различноста е благодарение на македонскиот јазик како официјален јазик во Македонија

Еден од столбовите на македонската република е и македонскиот јазик. Република Македонија и овозможува на секоја заедница да го користи својот јазик во сите сфери и на сите нивоа во согласност со Уставот, порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во обраќањето по повод одбележувањето на државниот празник Илинден во Крушево.

– Република Македонија е задничка татковина на сите нејзини граѓани. Ние се гордееме што 68 години имаме Албански и Турски театар во Република Македонија. Имаме богата издавачка дејност и на Албански, Турски, Српски, Влашки, Ромски, Бошњачки… Дали друга Балканска држава може да се пофали со таква традиција на меѓусебно почитување на која можат да ни позавидат и многу европски држави, посочи македонскиот претседател зборувајќи за соживотот во Република Македонија.

Но, ваквото единство на различноста е возможно благодарение на македонскиот јазик што ја има незаменливата улога на официјален јазик на државата, основен комуникациски код и кохезивен фактор што ги поврзува сите сегменти на македонското мултиетничко, мултирелигиско и мултијазично општеството, додаде Иванов.

-Македонскиот јазик е lingua franga благодарение на кој припадник на една едничка заедница се разбира со припадниците на другите етнички заедници. Тоа е дел од нашиот општествен договор. Нашата сила е во нашата различност, а нашата различност е гарантирана со нашето единство. Израз на тоа единство е македонскиот јазик, потенцираше претседателот Иванов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top