| четврток, 6 декември 2018 |

Албанија и го „украде“ Демири на Македонија

Фудбалерот Бесир Демири може да стане дел од албанската фудбалска репрезентација.

Според неофицијални извори, фудбалерот од Скопје кој што играше во младинската репрезентација на Македонија, се очекува наскоро да добие албански пасош.

Демири за младинската репрезентација одигра 16 натпревари, а со сениорите играше два пати, но само на пријателски натпревари, токму затоа има право да го облече дресот на црвено-црните.

Демири беше еден од клучните играчи во младинската репрезентација на Боби Милевски, со која постигнаа да се квалификуваат на Европскиот Шампионат во Полска 2017.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top