Беровчанец заедно со својот син сечел дрва, при работа тешко се повредил и за жал им подлегнал на повредите. Како што стои во билтенот на МВР, вчера околу 12.00 часот на место викано ,,Ормане – Царев Дол“, атар на Берово, Г.Ѓ. (51) од Берово, кој бил со повеќе лица меѓу кои и неговиот син, вршејќи сеча на борови стебла се здобил со повреди во пределот на главата. Од страна на присутните му била пружена помош, по што со возило на Итна медицинска помош, поради сериозноста на повредите бил пренесен во болницата Систина – Скопје, каде починал.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Берово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст