Меган Маркл, ќе наполни 37 години во сабота, на 4-ти август, и така ќе го забележи својот прв роденден како Војвотка од Сасекс.
Меѓутоа, нема да има никаква раскошна забава за поранешната ѕвезда на „Suits” овој викенд, меѓутоа – наместо тоа, ќе го придружува сопругот принцот Хари на свадбата на негов пријател од детството.
Кралскиот фотограф Тим Рук потврди на Твитер дека Хари ќе биде кум на венчавката на неговиот пријател Чарли ван Штраубензи на 4-ти август – истиот ден кога е и роденденот на Меган. Чарли присуствуваше на кралската свадба претходно оваа година. Тој ќе се ожени за Дејзи Џенкс во Чарт Сари.
Минатата година, за роденденот на Меган, Хари ја однесе на романтична прошетка на сафари во Африка.
4-ти август е исто така значаен датум за бабата на Меган, кралицата Елизабета, бидејќи тоа е датумот на раѓање на мајката на кралицата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст