| четврток, 6 декември 2018 |

Два месеци не се вратила дома, па таткото решил да ја побара 15 годишната ќерка

Петнаесетгодишна девојка е пријавена за исчезната од нејзиниот татко откако речиси два месеци не се вратила дома. Т.Б. (39) од село Кучица – општина Карбинци во полициската станица во Штип пријавил дека ја нема ќерка му.

Според она што таткото им го кажал на службените лица, неговата малолетна ќерка последен пат ја видел на 8 јуни околу 10 часот. Речиси два месеци тој ја чекал да се врати дома, но откако од девојчето немало ни трага, ни глас загрижениот родител решил да побара помош од полицијата.

Дека исчезнала неговата ќерка пријавил дури вчера околу 10 часот. Полицијата трага по малолетничката која е пријавена за исчезната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top