| четврток, 6 декември 2018 |

Турчинка соборила рекорд:Успеала да изеде 255 ражничи за 23 минути (фото)

Турската студентка Џерен Јилмаз, која има 45 килограми успеала за 23 минути да изеде 255 ражничи и да го побори рекордот на угостителскиот објект во Анталија.

Турската агенција „Анадолија“ објавила и тоа дека испила три чаши ајран, традиционален пијалак, две чаши вода, а јадела и салата.

Илијас Демир, сопственикот на угостителскиот објект во дистриктот Кепез, за своите муштерии организирал натпреварување на кое се пријавиле 21 студенти.

Јилмаз го соборила рекордот и освоила мобилен телефон од 5.0000 лири (околу 870 евра), злато во вредност од 306 лири (околу 50 евра) и право на бесплатен оброк во текот на четири месеци.

Јилмаз изјавила дека се пријавила за да им докаже на сите кои ја потценувале поради нејзините килограми дека грешат.

-Изедов околу четири килограми месо. За еден час се здебелив. Ќе го зголемам сопствениот рекорд, одлучна е Јилмаз.

Се наведува дека таа не го изненадила само сопственикот, туку и останатите натпреварувачи.

-Во категоријата за мажи ќе доделиме награда на секој кој ќе изеде повеќе од 3000 ражничи – изјавил Демис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top