Оставете го Михаел Шумахер мирно да живее, им порача на медиумите човекот кој често го посетува легендарниот формула 1 шампион.
Претседател на ФИА Жан Тод вели дека е почестен што може често да го посетува Михаел Шумахер.
Минаа скоро пет години од тешката несреќа на скијање на Алпите, кога Шумахер удри во карпа и тешко ја повреди главата. Популарниот Шуми не успеа да се опорави, а бидејќи неговото семејство го чува далеку од очите на јавноста никој не ја знае неговата вистинска состојба.
Медиумите поради тоа шпекулираат дека тоа значи оти состојбата на легендарниот шампион не е добра и дека тој најверојатно не може да се движи.
-Окружен е со своите најблиски со семејството: Се чувствувам благословен што имам право често да го посетувам, но неговото здравје е приватна работа. Мислам дека е време Михаел да го пуштат мирно да живее, истакна Тод. јкнл.,
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст