Заборавете на здрава храна и вежбање. Тајната за долг живот е многу поинаква. Таа се крие во еден пијалок. Барем така верува Мабел Џексон, 100 годишна старица која живее во Суфолк, Англија.
На прашањето која е нејзината тајна за долговоченост, таа вели дека тоа е џин тоникот. Џексон истакнала дека почнала редовно да го пие овој пијалок на возраст од 18 години. Според нејзините зборовим до денес, таа испила 4264 шишиња од овој пијалок.
Џексон вели дека таа пие 5 пијачки во текот на денот, две кога другите пијат чај и три во текот на вечерта, кога плете и се одмара.
Секако, не постои медицински податок кој би ги поддржал со факти зборовите на оваа старица, која според многу дефиниции би се сметала за „тежок пијач“. Сепак, во тоа верува и нејзината ќерка Мери Вајтсајд која вели дека токму овој коктел ја одржал во живот нејзината мајка.
Џексон не е единствената која би рекла дека алкохолот ја одржува во живот. Минатата година, Грејс Џонс , 110 годишна старица од Ворчестер – Англија истакна дека тајната на нејзината долговечност се крие во вискито. Во нејзиното интервју за еден од локалните весници, Џонс посочи дека една чаша виски навечер пред спиење е она што и помага да остане жива и здрава.
Не велиме дека тајната на животот и долговечноста лежи во пиењето, но дискутабилно е дали овие две старици се во право.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст