| четврток, 6 декември 2018 |

Митрополитот Кирил не бил убиен, се удавил

mitropolit kirilМитрополитот на Бугарската православна црква во Варна, Кирил, не е убиен. Свештеното лице кое вчера беше пронајдено мртво на плажа на Црно Море кај Варна се удавило. Според Цветанка Гецова, регионалната обвинителка на Варна, вели дека тој најверојатно се удавил и дека „обдукцијата на телото не покажала никакви други повреди“.

-Аутопсијата покажала дека е сосема здрав. Тој не претрпел ниту срцев удар ниту мозочен удар. Засега не постојат индикации дека неговата смрт може да била насилна – вели таа.

И Бугарската православна црква соопштила дека „информациите во медиумите за насилната смрт не се потврдени на кој било начин во оваа фаза на истрагата што ја спроведува полицијата на Варна“.

Синодот на БПЦ соопштил дека митрополитот Кирил ќе биде погребен в четврток на 11 јули.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top