| четврток, 6 декември 2018 |

Се разнесе со бомба на фудбалско игралиште во Белгија

Еден маж се разнесе со експлозивна направа на фудбалско игралиште во градот Вервиер, Белгија.

На локацијата има голем број полициски единици и целата област е евакуирана.

Засега не е идентификуван човекот што се разнесе со бомба, но се претпоставува дека станува збор за воен ветеран кој живеел во областа Стембер во Вервиер.

Истрагата е во тек, а локалните власти објавија дека не се сомневаат во тероризам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top