Познатиот белгиско-српски пијанист Александар Маџар вечерва ќе се претстави пред публиката на фестивалот „Охридско лето“. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот, а на репертоарот се дела од Јозеф Хајдн, Петар Илич Чајковски, Јоханес Брамс и Фредерик Шопен.
Александар Маџар е српски пијанист, кој со пијаното се запознава уште на шестгодишна возраст под менторство на Гордана Малиновиќ, а подоцна се усовршува кај познатите: Арбо Валдма, Елисо Вирсалаѕе и Даниел Блументал во Нови Сад, Белград, Москва и Брисел.
Своето деби, тој го доживува во 1990 година, со Берлинскиот филхармониски оркестар под водство на Иван Фишер. Оттогаш редовно одржува рецитали, солистички и камерни концерти низ Европа во соработка со познатите: Андре Превин, Марчело Виоти, Паво Арви, Андрис Нелсон и многу други значајни имиња од музичката литература. Неговите турнеи опфаќаат и настапи на музичките сцени надвор од Европа, и тоа во Америка, Јужна Африка, земји од истокот и Австралија.
Пијанистот Маџар е добитник на повеќе награди на натпревари во Женева, Лидс, како и на престижните интернационални пијано натпревари „Феручо Бузони“ и „Умберто Мичели“. Во моментов работи како професор на Кралскиот фламански конзерваториум во Брисел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


