Од 717 вработени во Радио телевизија Црна Гора (РТЦГ), дури 250 се вишок, заради кои дури две третини од вкупниот приход на Јавниот сервис оди на плати и хонорари.
Најзагрижувачки бил податокот дека во Јавниот сервис меѓу вработените имало 156 блиски роднини.
Јавниот сервис во првите три месеци на оваа година заработил околу 350 илјада евра и моментално имал стабилен приход. Меѓутоа, проблемот бил што дури две третини од вкупниот приход на Јавниот сервис, оди на плати и хонорари.
-70 отсто оди на плата и хонорари, а мора да оди 50, најмногу 51 отсто. Оваа куќа има 250 луѓе вишок. Овој голем проблем мора да се реши, на таков начин што ќе се направи внимателна анализа на работата на секој вработен поединец-рекол Божидар Шундич, вршител на должноста генерален директор.
Тој рекол дека побарал од службата за човечки ресурси да му достават список од РТЦГ на роднини од прво колено.
-Имало 156 такви врски. Кажете ми мене кој ќе раководи со компанија, каде работат татко, жена, син и ќерка, каде работат двајцата браќа и жената?-прашал Шундич.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст