Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, а попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, претежно во планинските региони. Ќе дува умерен северен ветер.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), дневната темпуратура ќе се движи од 24 до 36 Целзиусови степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе се искачи до 33 Целзиусови степени.
До петок ќе се задржи променливо облачно време, наместа, а особено на планините, со пороен дожд и грмежи. Поинтензивни и почести врнежи од дожд ќе има в четврток и петок. За време на викендот се очекува постабилно и потопло време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст