| четврток, 6 декември 2018 |

Зекири, Чауш и шарените повикуваат на модерна инкцвизија на ИВЗ

Полека, но сигурно се одмотува клопчето околу кавгата на пратеникот на СДСМ и потпретседател на партијата Мухамед Зекири со реисот на Исламската верска заедница во Македонија, Сулејман Реџепи. Конфликтот помеѓу Зекири и Реџепи трае веќе подолг период, а сите мислеа дека кулманицијата беше судскиот спор помеѓу двајцата и затворската казна за Зекири од 20 дена поради клевета. Реисот изјави дека откако негови блиски пријатели го замолиле да ја повлече тужбата и да му прости на Зекири, тој се одлучил да се откаже од паричната оштета и затворската казна за Зекири.

Но, ситуацијата одново се вжештува, а во конфликтот на страна на Зекири се приклучи и Захир Бекири Чауш, како  и неговиот внук Крон Буш, близок пријател на Заев и Спасовски, но и застапник на големоалбанската идеја. Покрај гореспоменатите истакнати членови на СДСМ во конфликт со реисот влегоа и шарените, а има обид и за инволвирање на СЈО во пресметката.

Мухамед Зекири го повика СЈО да отвори постапка против реисот Сулејман Реџепи, но нејасно е дали досега се води ваква постапка, нејасно е дали СЈО, ОЈО или пак МВР имаат некакви докази или водат постапка против истакнати членови на ИВЗ или пак против самиот реис. Сомнително и во најмала рака неетички е тоа што на истрага повикува еден истакнат политичар и пратеник кој може да има огромно влијание врз судските органи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top