Компанијата „ЕВН Македонија“ соопшти дека во последно време се појавуваат профили на социјалните мрежи во кои се користи името на ЕВН и укажува дека тие профили се лажни и содржините кои се наоѓаат на нив се злоупотреба и измама.
– Затоа ЕВН презеде соодветни мерки за затворање на таквите профили, се наведува во соопштението.
Од „ЕВН Македонија“ велат дека компанијата нема свој профил на социјалните мрежи, а доколку постави, навреме ќе ги информира корисниците.
Компанијата ги советува граѓаните да не оставаат лични податоци на лажните профили бидејќи тие може да бидат злоупотребени.
Апелираат ако во иднина граѓаните добијат покана да следат вакви и слични профили, да ги игнорираат и да информираат во контакт-центарот на ЕВН, на телефон +389 2 3205 000 или 0890 88888 или е-пошта: [email protected].
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


