| четврток, 6 декември 2018 |

Тепачка меѓу Срби и Турци во Кушадаси, летале молотови коктели

Синоќешната кавга меѓу турски и српски туристи во познатото летувалиште во Кушадаси завршила со молотови коктели врз автобусот на српските туристи, јавуваат медиумите во Србија.

Еден турски државјанин, кој бил на одмор во Кушадаси, влегол во кавга со група српски туристи кои престојувале во истиот хотел на 29 јули. Наскоро сè прераснало во тепачка, а весникот наведува дека двете страни биле под дејство на алкохол.

Вработените во хотелот ја запреле тепачката, по што Турчинот отишол на блиската бензиска пумпа, каде направил молотов коктел од две празни шишиња пиво со кои го гаѓал автобусот на српските туристи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top