| четврток, 6 декември 2018 |

Мистериозно самоубиство во резиденцијата на Берлускони: Италијански војник се самоуби во тоалет, трето самоубиство во истата единица!

Италијанскиот војник Енрико де Матија (25) извршил вчера самоубиство во римската резиденција на Силвио Берлускони, позната како Палазо Грациоли.

Како што пишува агенцијата, војникот влегол во една од бањите во резиденцијата и со службен пиштол си го одзел животот. Интересно е што ова е трето самоубиство во единицата со која командува Паоло Раудимо.

Засега не е позната причината за неговото самоубиство, посебно што, како што пишуваат италијанските медиуми, имал се. Девојка, работа, ја сакал модата, неговото семејство држело позната слаткарница…

Тој во интервју кое неодамна го даде по повод својот моден блог на прашањето кој е Енрико де Матија рече дека е „едноставно и спонтано момче кое сака да се смее. Мојата најголема страст е …животот!“

Само неколку месеци подоцна во бања во резиденцијата на италијанскиот бизнисмен и поранешен премиер Силвио Берлускони, Енрико од пиштол си пукаше во глава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top