| четврток, 6 декември 2018 |

Мандолинскиот квартет „Да Капо“ од Сплит вечерва со концерт на „Скопско лето“

Вечерва, 30 јули, понеделник, ќе се одржи концерт на мандолинскиот квартет „Да капо“ (Da Capo) од Сплит, Хрватска (Ивана Кенк Калебиќ, Стела Иванишевиќ, Томислав Калебиќ, Стипан Поповиќ), со почеток во 20,30 часот во Музеј на Град Скопје.

Мандолинскиот квартет  од Сплит, е формиран во септември 1997год. под името Мандолински квартет „Сплит“ со уметничкиот директор, денес за жал, починатата Марина Катунарича, најголем музички педагог и едукатор на мандолинската „жица“ во регионот на Далмација. Во октомври истата година учествува на Меѓународниот мандолински фестивал на „GiacomoSartoti“во Али (Италија), каде остварува извонредни резултати. По враќањето, квартетот продолжува со функционирање под ново име „Da Capo“. На публиката за прв пат и се претставија во декември истата година, по што следеа концерти во катедралата Св. Дује, Пинакотеци на Пресвета Богородица, фоајето ХНК – Сплит, во Сутиван, Супетар и Бол на Брач, во Трогир, Макарска и Башка Вода.

На 31.07.2018, вторник, ќе се одржи свечено затворање на „Скопско лето“ 2018, со концерт на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“ со диригент Олег Кондратенко, со почеток во 20:30 часот на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top