| четврток, 6 декември 2018 |

Поповски: Македонија ладнокрвно ќе влезе во Европската унија

nikola-popovski2_g

Како и во Хрватска и овде, кога ќе дојде ден, граѓаните ладнокрвно и без еуфорија ќе го примеле зачленувањето, изјави шефот на македонската дипломатија.

Македонија во однос на Европската Унија е како голман на кој постојано му се поместува голот, па шутовите завршуваат во празно изјави шефот на македонската дипломатија Никола Поповски на дебатата посветена на перспективата на односите со Хрватска по нејзиното зачленување во Европската унија. Тоа е како кога постојано напредувате а резултатот никој не го валоризира-рече Поповски, додавајќи дека како и во Хрватска и овде, кога ќе дојде ден, граѓаните ладнокрвно и без еуфорија ќе го примеле зачленувањето.

Тоа што Хрватска денеска беше присутна на ниво помошник министер за европски прашања, било потврда дека оваа земја радо ќе и ги пренесела искуствата на Македонија со цел полесно зачленување. Помошникот министер Хрвое Марушиќ вети останување на досегашниот курс во поглед на македонско-грчкиот спор за името.

Нашето мислење за таа работа е исто како и пред влезот во Европската Унија. Ништо не се променило.Ние сме длабоко уверени дека билатералните прашања мораат да останат тоа што се, билатерални и дека треба да се решаваат билатерално и не треба да бидат внесувани во процесот на пристапување, изјави Марушиќ.

Амбасадорот на Европската Унија Аиво Орав говорејќи за процесот на проширување, нагласи дека Европската Унија останува посветена на процесот и дека многу земји за кои порано не се верувало, сега се дел од Унијата и дека со членството Хрватска, може многу да му помогне на регионот, но и на Унијата во процесот на градењето консензус.

Ова е добра вест за земјите кои сеуште гледаат во вратата на Еу. Хрватска максимално отворено ги прифати обврските и бенефитите од членството уште од првиот ден. Сега Хрватска е дел од одлучувањето во Европската унија и ќе го помогне консензусот било тој да се однесува на внатрешната политика или во надворешните односи, изјави амбасадорот Орав.

Генерална беше оценката дека членството на Хрватска е добар ветер во грбот за пристапните процеси на сите земји во регионот, кој со оваа земја добива глас повеќе во Унијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top