Изминативе денови сме сведоци на еден огромен скандал кој што го нарековме “Криминални иновации”. За жал тој скандал нема крај и од ден во ден се повеќе се шири, истакна на денешната прес-конференција портаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.
Арсовски вели дека денес јавно поставуваат неколку прашања за уште едно скандалозно доделување на пари од еден од 79-те проекти што ги додели Фондот за криминални иновации.
-Изминативе денови од медиумите го запознавме лицето Никола Мемов, кој што инаку е долгогодишен член на СДСМ, кој на социјалните мрежи може да го видите со еден куп слики со раководството на СДСМ, како јавно се фали дека негов проект е еден од наградените проекти. Епа јавноста во тој случај ја интересираат неколку работи: За која фирма од наградените Никола Мемов бил консултант и го подготвувал проектот? Колку пари добила фирмата каде што членот на СДСМ Никола Мемов подготвувал проект? Кој е сопственик на фирмата која што го ангажирала членот на СДСМ Никола Мемов и за каков проект се работи? Дали ова е начинот на кој што имало влијание од страна на Никола Мемов врз неговите партиски колеги да го добие неговиот проект и каква награда земал за истиот?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Арсовски вели дека веќе од авион се гледа дека се работи за криминал на големо.
-СДСМ и оваа криминална Влада немаат ниту срам ниту перде. Уште и јавно си се фалат на социјални мрежи дека си поделиле пари меѓу себе, додека граѓаните тонат во сиромаштија и ги однесоа на работ на амбисот. Јавното обвинителство мора да постапи согласно законите. Јавното обвинителство мора да го заврши овој случај според фактите, а фактите говорат дека ова е најголемиот скандал после криминалната приватизација за делење на народни пари во џебовите на партиските олигарси и функционери на СДСМ. До тогаш, Јован Деспотовски, Кочо Анѓушев, Хари Локвенец, Цветанка Ласкова и сите други инвовирани во скандалот Криминални иновации веднаш да си поднесат оставки и да ги тргнат рацете од институциите за да не можат дополнително да влијаат на овој скандал, нагласува Арсовски.
Партискиот портпарол посочи дека сите заедно се соучесници во најголемиот можен грабеж на граѓаните и за тоа мора да одговараат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст