“Ваздух који дишем, не треба ми, не, кол’ко усне твоје што ме не љубе”, беа стиховите со кои Цеца Ражнатовиќ го означи стартот на саботниот концерт кој го одржа на стадионот “Билјанини извори” во Охрид.
“Добро вечер Македонијо, ви благодарам за љубовта која ми ја давате. Ве љубам и јас. Во тоа име ајде да пееме”, рече српската ѕвезда и почна да ги реди хитовите.
Преполната сала во еден здив го скандираше нејзиното име, а во првите редови беа наредени армија фанови кои танцуваа и пееја во еден здив со неа.
Облечена во сребрен тесен фустан до под колена кој ја потенцира нејзината силуета Цеца само уште еднаш потврди дека е една од најзгодните и најубави дами на естрадата на овие простори.
Публиката немаше што не знае, од прва до последна песна ја следеше, а посебен хаос настана кога ја запеа “Маскарада” и “Драгане мој”.
Иако сме навикнати на сите концерти Цеца да разговара со публиката и да раскажува анегдоти притоа истакнувајќи ја својата специфична и уникатна смисла за хумор, овој пат беше молчелива, а цела вечер на сцена мака мачеше со комарците кои ја нападнаа, па додека во едната рака го држеше микрофонот, со другата се чешаше и водеше тивка борба со нив.
Музичкиот спектакл го затвори со темата “Докторе”, а пред неа публиката ја забавуваше Џенан Лончаревиќ кој пееше околу два часа.
Извор: Вечер
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст