| четврток, 6 декември 2018 |

Заев им вети на бугарските социјалисти: Ќе ви дојдам со мотор!

Премиерот на Македонија, Зоран Заев, преку видео-порака се обрати на присутните на собирот на Бугарската социјалистичка партија во Бузлуџа, крај Казанлак, по повод 127 години од основање на партијата.

Тој им вети на бугарските социјалисти дека во следна прилика ќе допатува со својот мотор на Бузлуџа.

„Жалам што не можам да бидам со вас денеска, но верувајте моето срце е со вас. Планирам да дојдам со мојот мотор но во следна прилика. Овој собир секоја година ги потврдува нашите принципи за солидарност и достоинствен живот“, порача Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top