| четврток, 6 декември 2018 |

Најголемите секс маки на Памела Андерсон: „Сите мои љубовници беа премногу љубоморни!“

Памела Андерсон, ѕвездата на серијата „Чувари на плажата“ искрено проговорила за своите сексуални искуства. Жената, која со години важи за секс симбол, вели дека не размислува многу за себе и за своето минато и како тоа може да влијае на неа и нејзините партнери.

50-годишната актерка на својот профил на Инстаграм одговорила на прашање поврзано со групен секс и секс во тројка.

„Никогаш не сум била дел од групен секс или секс во тројка кој бил позитивен. Сите мои љубовници биле премногу љубоморни. Освен можеби еден кој фантазираше за мене и друга жена“, открила Андерсон.

Таа признала дека некогаш звучи примамливо и дека станува збор за вистинско искушение, но додала дека е премногу романтична за такви работи. Не ужива во секс без љубов и посветеност. За неа тоа не е механичка работа.

„Сѐ зависи од интимноста и подготвеноста да ги споделите вашите тајни со некого“, признала Андерсон.

Не сака кога мажите ја величат. Тоа многу ја издвојува од останатите, па затоа честопати е осамена. Не сака мажите да се чувствуваат несигурни во нејзина близина, само затоа што постои одредена слика за неа што не е вистинита.

Од љубовта и мажите сака само едно нешто.

„Само сакам да се држам за рака со некого додека се шетаме по улица, да се бакнувам, да се смеам и да љубам. Но некои мажи се плашат да ме третираат како обична девојка, а јас тоа го посакувам најмногу од сѐ“, објаснува актерката.

Памела Андерсон моментално е во врска со 32-годишниот француски фудбалер Адил Рами. На почетокот од месецот, еден извор близок на парот им пренел на медиумите дека Памела и Адил сѐ уште не се свршиле, но секако одат во таа насока. Нивната љубов е многу приватна, лична и посебна.

За Памела оваа врска е поинаква од претходните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top