Трогателно писмо на жителка на местото Мати во Атина ја потресе јавноста. Таа во пожарот ги загубила нејзините две деца, 13-годишната Евита и 11-годишниот Андреас и сопругот Григориос.
Тие скокнале од карпа висока 15 метри во морето во обид да се спасат, но за жал не преживеале – во водата наишле на карпи. Грчките медиуми пишуваат дека Евита била шампион во велосипедизам и била една од најголемите таленти во овој спорт.
Новинарот Бабис Папапанајоту, близок пријател на семејтвото Фитрос, на порталот „Скаи њуз“ објавил дел од трогателното писмо на мајката која во пожарот изгубила сè.
-Се обидувам да бидам како моето девојче. Таа постојано беше силна и го докажуваше тоа на многу начини. Знам дека Григориос напаравил сè што можел за да ги спаси. Тоа што не успеал е Божја волја. Го слушам слаткиот глас на Андреас: ‘Се плашам, многу сум загрижен, но не треба да доаѓаш тука мамо. Не сакам да дојдеш, сè е затворено, нема да успееш’. Се обидов да стигнам до нив, четири часа се обидував да им се приближам, но не можев. Немам зборови. Изгубив сè. Прегрнувајте ги децата секој ден, напишала таа во писмото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст