| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајка на патот Јажинце – Тетово, 17 – годишно момче итно пренесено на скопските клиники

Вчера околу 19 часот на регионалниот пат с. Јажинце – Тетово, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со тетовски регистерски таблици управувано од Ф.К. (43) од Тетово и мотоцикл „Кумко“ управуван од 17 годишно лице од Тетово.

Во незгодата моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, но поради сериозноста истиот бил префрлен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top