| четврток, 6 декември 2018 |

Претепаното 14 месечно бебе е во стабилна здравствена состојба

Четиринаесет месечното девојче кое беше примено на КАРИЛ со сериозни повреди е оперирано и се наоѓа во стабилна состојба.

Пред повеќе од две недели, мајката и бебето се појавија во ургентниот центар, со видливи физички повреди, особено кај малото, кое било и неухрането и дехидрирано.

Меѓутоа, уште не се знае какви последици ќе има бебето, со оглед на тоа што постои сомнеж дека може да го изгуби видот, да има проблеми со говорот и движењето.

Претепаното бебе е оперирано: Докторите не можеле да го спречат крвавењето во мозокот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top