
„Илинденскиот марш 2018“ денеска ќе стартува во 17 часот од паркот „Јане Сандански“ во општина Аеродром, која традиционално е покровител на овој
коњички марш. Ќе заврши на втори август во Крушево, каде коњаниците треба да се приклучат на прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден.
Во рамки на манифестацијата дваесетина коњаници придружувани од игрaорци од КУД „Никола Јонков Вапцаров“ ќе се упатат кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, минувајќи низ главните булевари на општината. Градоначалникот на Аеродром, Златко Марин на коњаниците ќе им го предаде општинското знаме со што официјално ќе стартува јубилејниот 40-ти коњички марш организиран од Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“.
Во 19 часот коњаницата пристигнува во црквата и почнува вечерната програма. Пред свеченото испраќање на коњаниците од Горно Лисиче, на возраст од 18 до 65 години, во црквата „Св. Петар и Павле“ ќе се одржи свечена литургија и се организира свечена музичка програма каде ќе настапат познати македонски естрадни уметници.
Општинската организација на Црвениот крст „Кисела Вода“ во дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче ќе одржи крводарителска акција од 17:30 до 20 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


