| четврток, 6 декември 2018 |

Непријатно изненадување: Влегол во своето комбе, а внатре го пречекала голема змија (галерија)

Непријатно изненадување доживеал прилепчанец откако влегол во своето комбе во населбата “Maл Париз” во Прилеп. Змијата која е од видот смок, иако не е отровна, може да го исплаши секој особено ако се знае дека овие влекачи достигнуваат прилично големи должини.

Денеска прилепчани од населбата во близина на касарните не информираа за убиен поскок пред двор на семејна куќа, нешто што особено загрижува.

За разлика од смоковите, поскоците се отровни и опасни по животот на луѓето.

 

извор: markukule.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top