Црната хроника ги наполни медиумите, а сцените во Скопје се почесто наликуваат на сцени од вестерн филм чиј дејствија се одвиваат на дивиот Запад. Имено вистински хорор преживеало 20-годишно момче од Скопје откако 3 маскирани разбојници во доцните вечерни часови влегле во неговиот дом. Според информациите кои ги објави Министерството за внатрешни работи, момчето го пријавило настанот во полицијата на која и раскажало дека ноќеска во 2:30 часот неколку маскирани лица влегле во неговиот дом да го ограбат.
Разбојниците покрај тоа што го ограбиле момчето, повеќе од 10 часа се иживувале врз него и го проболе со остар предмет. Пред да си заминат, разбојниците од станот одзеле, лап топ, мобилен, телефон и пари.
Младото момче откако пријавило во полицијата било со возило на Итната помош префрлено во Ургентниот центар.
За жал, ова не е изолиран случај, а убиствата и престрелките по скопските улици станаа секојдневие, граѓаните се плашат за своите и животите на своите најблиски. Да се потсетиме дека само пред неколку дена момче беше избодено во пределот на ногата од непознати напаѓачи, на што му претходеше настанот во март месец кога малолетник беше прободен со нож на автобуската постројка Рекорд додека се враќаше од училиште, а минути го делеа од смртта.
Пред неполн месец почина и младиот Никола Саздовски Саздо, кој беше претепан од тројца напаѓачи од кои едниот од напаѓачите се уште е во бегство.
Досега не е пронајден ниту пак убиецот на фудбалерот Мартин Јанушев, кој мафијашки беше застрелан пред својот дом.
За помалку од една година има речиси десет во Скопје и околината кои се уште не се расчистени, а за дел од нив не се пронајдени ниту сторителите.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати повикуваше на поголема ажурност на органите на прогонот, и апелираше Спасовски како министер да запре со релативизирањето на влошената безбедносна состојба, бидејќи на тој начин дава ветер во грбот на криминалците, очигледно продолжија со своите криминални активности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст