Манчестер Јунајтед ноќеска го победи Милан во Интернационалниот куп на шампионите. По одиграни 90 минути на стадионот Роуз Боул во Пасадена, Калифорнија, резултатот беше 1-1, па екипите шутираа пенали за да го одлучат победникот, а двете страни мораа да бијат по неверојатни 13 пати од белата точка.
Алексис Санчез отвори за „црвените ѓаволи“ во 12 минута, но Сусо изедначи во 15-тата.
При изведувањето на пенали ривалите создадоа вистинско шоу за гледачите, откако изведоа вкупно 26 удари пред да стане јасен победникот. На крајот, тоа беше англискиот тим, кој победи со 9-8.
Иако на страната на губитниците, голманот Пепе Реина имаше одлично деби за Милан, откако одбрани четири пенали и реализираше еден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст