| четврток, 6 декември 2018 |

Се враќа во Италија: Пирло ќе му биде асистент на селекторот Манчини

Поранешниот италијански репрезентативец, Андреа Пирло, повторно ќе биде дел од „азурите“, но сега како еден од помошниците на селекторот, Роберто Манчини.

Медиумите од Италија, кои претходно најавуваа враќање на поранешниот фудбалер на Милан и Јувентус во репрезентацијата на Италија, сега и официјално ја потврдија соработката на Пирло со италијанската репрезентација. Италијанската легенда ќе треба да биде дополнителна помош за „азурите“ кон враќањето на големата европска и светска сцена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top