| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: Ако референдумот не помине, институциите ќе одлучуваат за уставните измени

Ако не биде исполнет цензусот на референдумот, Парламентот треба да одлучи и да гласа за или против уставни промени, рече денеска премиерот Зоран Заев одогварајќи на новинарски прашања на пуштањето во употреба на инвестицијата на турската компанија „Мурат Тиџарет“.

-Отворени сме за расправа дали референдумот да биде консулатативен или обврзувачки. На крајот одлуката е задолжителна. Теоретски, можат да излезат еден милион гласачи, 600 илјади да гласаат за, 400 илјади да гласаат против. Тогаш политичарите сите ја спроведуваат одлуката, гласаат во Собрание и постигнуваме консензус. Ако излезат милион гласачи, 600 илјади гласаат против, 400 илјади гласаат за, тогаш не важи Договорот со Грција. Ако излезат 800 илјади гласачи, 600 илјади се за, а 200 илјади се против, тогаш граѓаните не донеле одлука. Ако нема исполнет цензус, нема одлука, така е по уставот. Тогаш институциите треба да одлучат да гласаат за или против уставни промени, рече Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top