| четврток, 6 декември 2018 |

ОЈО влезе во Фондот за иновации

По налог на Основното јавно обвинителство, МВР влезе во просториите на Фондот за иновации, потврди за Макфакс директорот Јован Деспотовски, кој нагласи дека полицијата одзела документи.

“Дојдоа, проверија, одземаа документи. Тие си ја тераат подтапката, не би навлегувал. Ние во понеделникот ги повикавме јавно да постапат, по што постапија” рече Деспотовски.

Од ОЈО за Макфакс велат дека е предистражна постапка, поради што не можат да даваат повеќе информации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top