Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“- Чаир, Скопје, денеска соопшти дека во претпладневните часови родилка починала како резултат на комплицирана бременост. Во соопштението се наведува дека родилката била породена со царски рез и оти родила живо новороденче, по што нејзината здравствена состојба се комплицирала и била префрлена во поранешната градска болница во Скопје, каде што починала.
Како што наведуваат од болницата, родилката била примена вчера со високо ризична бременост во преекламптична состојба во 38 гестациска недела од бременоста, со плод во карлична презентација, повеќе големи туморозни формации на матката и две претходни породувања со царски рез.
– По приемот се превземени сите соодветни мерки за стабилизација на пациентката и следење на состојбата на плодот. Поради влошување на здравствената состојба на плодот и мајката се пристапи кон итно породување со трет царски рез, при што е родено живо новороденче. Непосредно по завршување на операцијата дојде до акутно влошување на општата здравствена состојба на родилката и дистабилизирање на виталните параметри. По иницијална интензивна ресусцитација, пациентката во исклучително тешка состојба со возило на брза помош е префрлена на Универзитетска Клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски” – Скопје, каде што во претпладневните часови и покрај целосниот ангажман и дадена терапија по протокол истата екзитирала, појаснуваат од Гинеколошката болница во Чаир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


