| четврток, 6 декември 2018 |

Пешак загина во Прилеп

Шеесет и седумгодишен пешак загина денеска во Прилеп, откако во него удрил автомобил.

Како што е наведено во полицискиот билтен, денеска во 11:20 часот било пријавено дека на улицата „Биди маж“ во Прилеп патничко моторно возило „голф“ управувано од Г.П.(46) удрило во пешак М.Ш.(67).

Од здобиените повреди пешакот починал. Увидот е во тек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top