| четврток, 6 декември 2018 |

Утврдена листата за членови на ДИК

Комисијата за избори и именување едногласно и без расправа ги констатира имињата на кандидатите за членови на Државната изборна комисија.

Оливер Дерковски од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде претседател на Комисијата, а негов потпретседател ќе биде Дитмире Шеху од редовите на ДУИ. Елизабета Постоловска е избрана како член од ВМРО-ДПМНЕ. Борче Кондарко, Јанакие Витановски и Радица Ристевски се членови од СДСМ. Фадил Зендели потврди дека за член во ДИК од Беса на Касами ќе биде Енвер Салиу.

За попладнево во 18 часот закажана е пленарна седница на која пратениците ќе треба да го изберат новиот состав на Државната изборна комисија, а седницата ќе ја води претседателот на Собранието, Талат Џафери. Покрај изборот на членови на ДИК, ќе бидат разгледани и измените во законот за финансирање на политички партии, на Законот за Влада и измените на Изборниот законик, според договореното на лидерската средба во понеделникот.

Претходно денеска ВМРО-ДПМНЕ ја достави листата на кандидати за членови на ДИК. Листите се чекаа два дена поради што не можеше да се состане Комисијата за избори и именувања.
макфакс.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top