Почина академик Милан Ѓурчинов , македонски есеист, критичар, книжевен историчар, антологичар. Интелектуалец во вистинската смисла на зборот и основач на катедрата за Светска книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје.
Роден е во Белград 1928, но како што самиот велеше интимно е врзан за ова македонско поднебје и посебно за Охрид. По татко потекнува од селото Јабланица, а мајка му е од познатото охридско семејство Мизови.
-Дедо ми по татко беше каменорезец, а татко ми како бистро планинско дете завршува на Сорбона во Париз, таму се нашол на свои 17 години и се вратил во Македонија како прв инженер , рече академик Ѓурчинов во интервју за „Публицитет“ и продолжува.
-По мајка сум сто процентен охриѓанец. Татко и’ Ристо Ставрески – Мизо бил вистински полиглот и тој и баба ми Анастасија биле педагози. Во Охрид го минав најраното детство во куќата која и денес постои до хотелот „Ривиера“. Потоа се преселивме во Скопје . Од први до осми клас гимназија немав ниту една четворка, се’ ми беа петки , освен на полугодие фискултура, која накрај ми ја поправаа. Татко ми живеан во Франција, земја на аристократите беше демократски настроен човек и во себе ја носеше француската традиција.Бидејќи беше приватен инженер кога стигна светската криза од високо , паднавме долу. Татко ми мораше да прифати обична чиновничка служба и започна нашето патешествие кое за мене значење честа промена на местото на живеење и учење. Почнав во Скопје, продолжив во Ниш , па во Белград. Таму умира мајка ми Даринка и живот ни стана уште потежок, раскажува д-р Ѓурчинов.
-Никогаш не помислував дека ќе се занимавам со литература На 12 години мислев како да станам пилот или главна моја опсесија беше да бидам пијанист во некој бар и со музика да ги занимавам гостите. Свирев пијано. Но средбата со две години постариот од мене другар Ацо Караманов ми ги смени погледите, рече тој.
Бил професор на Филолошкиот факултет во Скопје, шеф на катедрата за славистика и покренувач и раководител на катедрата за компаративан книжевност, член на редакцијата на списанието „Разгледи“. Бил претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата, член на МАНУ, на ДПМ и претседател на писателската асоцијација и на Македонскиот ПЕН центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.