Пејачката Деми Ловато итно е префрлена во болница, а врз основа на симптомите, светските медиуми пишуваат дека станува збор за предозирање. За нејзината состојба се уште ништо не се знае, а обожавателите преку социјалните мрежи и порачуваат да остане силна.
Популарната американска пејачка е пронајдена е во својот дом во текот на вчерашниот ден во тешка состојба, после наводно консумирање на хероин. Како што тврдат американските медиуми, Деми земала преголема доза, поради што и се слошило, па брзата помош ја префрлила во болница.
Нејзината состојба првично била критична, а како што пишува порталот „TMZ“, докторите успеала да ја вратат и ја упатат на понатамошно лекување.
Деми одбила да им каже на докторите што земала, а во нејзиниот дом не биле пронајдени никакви наркотици.
Деми одреден период беше на рехабилитација, а лани прослави шест години како не консумира никакви опојни дроги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст