Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешковски во 2012 година на затворска казна од 14 години излегол од затворот во Идризово и во моментов се наоѓа во својот дом во Штип. Официјалното образложение за пуштањето на овој поранешен полициски службеник е дека е направен прекин на казната заради лекување. Всушност, деновиве Спасов е пуштен и на 15-дневен отпуст заради лекарски прегледи, а сега добил уште додатни 30 дена. Не се кажува за каков проблем станува збор, ама не му било местото во арестанското одделение, специјалното болничко крило за затвореници, затоа што таму, како велат од Управата за санкции, биле сместувани само тешко болните. Според информациите, Спасов од дома ќе чека термин за магнетна резонанса.
За потсетување, убиството на Мартин Нешковски, заради кое Спасов во 2012 година е осуден на 14 години затвор, предизвика бура и беше иницијална каписла за покренување големи протести во рамки на дневно-политичките игри на тогашната опозиција. Во обидот за дестабилизација на државата како обид со насилство СДСМ да дојде на власт, Зоран Заев го злоупотреби случајот од 2010 година и убиството на Мартин Нешкоски. Притоа креираше лажна слика во јавноста употребувајќи делови од телефонските разговори додека траела истрагата за да ја измами јавноста дека власта се обидела да прикрие убиство. Заев не се ни обиде да каже дека полицијата го расчисти случајот за помалку од 48 часа, а судската постапка заврши за помалку од една година.
Иако делува изненадувачко за дел од јавноста, сепак постојат многу индикатори дека станува збор за нешто многу поголемо од таканареченото времено пуштање на Спасов. Пред сè, станува збор за индикатори кои водат кон еден очекуван потег, а тоа е предвремено ослободување на Спасов, на половина од издржувањето на неговата казна.
Додека траеше процесот, Заев и СДСМ премолчуваа дека бранител на Спасов во судскиот процес за убиството на Нешкоски беше адвокатот Ване Андреев, актуелен со тоа што го бранеше и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во случајот „Пуч“. Имајќи ги информациите од прва рака од својот личен адвокат, Заев истовремено продолжуваше со манипулациите и со својата конструкција да ја заведува јавноста во остварување на своето сценарио за уривање на легитимно избраната власт.
Откако се дограби до власта, Заев „отрча“ на посета во КПД Идризово, каде што вети амнестија за осудени криминалци, што претпоставуваше нови црни сценарија за потребите на СДСМ. И токму во „Идризово“ се сретна со убиецот на Мартин Нешковски, Игор Спасов. Бурата од реакции не стивнуваше, особено заради фотографијата од „Идризово“ на Заев со Спасов, а дел од пропагандната машинерија на власта се обиде да ја сокрие поврзаноста меѓу нив двајца. За таа средба дел од таа машинерија бараше наводни оставки и откази за луѓето од пиaрот на Заев, посочувајќи ги како единствените „виновници“ за „неочекуваното“ ракување.
Сепак, актуелниот „времен“ прекин на затворската казна на Спасов, можеби е најконтрадикторен ако се земе предвид дека пред само неколку месеци се појави вест дека Спасов завршил во „самица“ заради инцидент во Идризово. Од затворот во март го потврдија инцидентот, но без конкретна информација што точно се случило. Неофицијално тој побегнал од затворот, па самиот се вратил, заради што бил изолиран од останатите затвореници.
Во меѓувреме владата на СДСМ донесе и одлука за амнестија, со која повеќе од 800 осудени криминалци и сторители на кривични дела добија делумно или целосно ослободување од затворските казни.
Работите дополнително ги компликува и фактот што Игор Спасов, кој тврдеше дека не го убил Нешкоски, под силно полициско обезбедување неколку пати беше на распит кај обвинителите на Специјалното јавно обвинителство каде водат постапка за овој случај. Поради сомневања од за одговорност на претпоставените на Спасов, произлезени од бомбите со прислушуваните разговори, на почетокот на 2016 година СЈО го презеде овој случај и отвори предистражна постапка.
До денес за убиството на Mартин Нешкоски не е отворена истрага, СЈО го води како предистражна постапка. Неофицијално, овој е еден од случаите кои го чекаат новиот закон за заштита на сведоци.
Дали ова ослободување на Спасов значи и најава за целосно ослободување на Нешковски, наскоро ќе излезе на виделина. Прашање е само дали тоа ќе значи ново барање за задоволување на „Правдата“ и „Мирот“, како што гласеа и паролите за време на насилните протести на тогашната опозиција, или „борците за правда“ ќе продолжат да молчат како што молчат и за неажурноста на полицијата на СДСМ за убиството на Мартин Јанушев во скопски Аеродром, убиството на Саздо, или се почестите напади на автобуските постојки?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст